По шпекулациите за разводот со Северина, Игор се огласи: „Кога сите би љубеле, земјава би била рај“ (ФОТО)

Продуховено

Фото: Инстаграм

И додека сите на големо пишуваат дека Северина и Игор Којиќ дефинитивно се разведуваат и дека бившиот фудбалски менаџер веќе ги поднел документите за развод, на неговиот инстаграм-профил осамна фотографија со моќна љубовна порака, која е резултат на „катарсата“ што ја доживеал по тренингот.

Кога сите би љубеле, земјава би била рај. Но кога сите би се држеле до она што е малку помалку од љубовта – бидејќи, љубовта е врска на совршенството – кога би се држеле макар до принципот ‘што посакувате за себе, тоа го правете им го на другите; што не посакувате за себе, тоа не им го правете на другите’, тогаш земјата, доколку не би станала рај, би била блиску до рајот – патријарх Павле“, напиша Игор, кој престојува во родителската куќа во Белград, додека, пак, популарната пејачка живее во нивниот дом во Загреб.

 

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.