По повод 2-годишнината од бракот, Емили Ратајковски сподели страстен бакнеж со сопругот (ВИДЕО)
Објави видеоснимка од матично
Две години по „тајното“ изговарање на судбоносното „да“ и склучување на граѓанскиот брак со филмскиот продуцент Себастијан Бер МекКларда, британската моделка Емили Ратајковски објави видеоснимка од страсниот бакнеж во Матичната служба.
Пред две години во општината… повторно би се омажила со тебе… повторно… и повторно!“, објасни Емили во описот на видеото.
View this post on Instagram
2 years ago at the courthouse 💫 10/10 would marry again (& again & again & again)
Инаку, пред две години обожавателите на една од најзгодните жени во светот останаа стаписани поради веста дека „скокнала во тавче“, бидејќи никој не знаеше дека има момче. За венчавката, невестата избра жолт костум од „Зара“ и црна шапка со широк обод, а и младоженецот се одлучи за кежуал-стил.
Фото и видео: Инстаграм