По мирисот на вагината, на ред е мирисот на оргазмот: Гвинет Палтроу повторно шокира (ФОТО)

Фото: Getty Images

Откако нејзината свеќа наречена This Smells Like My Vagina се распродаде и покрај високата цена од 75 долари, Гвинет Палтроу и нејзината компанија „Гуп“ направија нова, наречена This Smells Like My Orgasm , или „Ова мириса на мојот оргазам“.

Холивудската актерка го претстави новиот производ во својата понуда за време на гостувањето во  вечерното шоу на Џими Фалон.

Како и претходната свеќа, и оваа има цена од 75 долари.

Свеќата првично беше шега помеѓу експертот за парфеми Даглас Литл и Гвинет, кои работеа заедно на мирисот. Таа рече дека мириса на женска интима и дека е интересен, убав, секси и целосно неочекуван мирис”, пишува на страницата за необичната миризлива свеќа.

Страницата го опишува мирисот како „мешавина на растенија гераниум, бергамот и кедар со нијанси на рози“.

Кога станува збор за мирисот на оргазмот, на страницата на „Гуп“ се наведува дека тој е „достоен наследник на оригиналната свеќа, сите го знаете тоа, и е мешавина од мириси од грејпфрут, нероли и зрели бобинки, измешани со мелен чај и турски рози“. Сето ова резултира во „секси, изненадувачки и зависнички“ мирис.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.