По 2 месеца поминати зад решетки, посрамотената актерка првпат е видена во јавност: Големиот скандал е зад неа!

Лори Лафлин на црвениот килим

Ѕвездата од ТВ-серијата „Полна куќа“, Лори Лафлин, не ја симнувала насмевката од лицето на првото јавно појавување по отслужената затворска казна

Американската актерка Лори Лафлин (57) се појавила на црвениот килим на гала-настанот Design Care 2022 во Лос Анџелес, првпат по два месеца поминати во затвор поради давање мито.

Имено, актерката за оваа пригода облекла темносин фустан со долги ракави, додека стајлингот го заокружила со сандали.

Додека позирала пред фоторепортерите, не ја симнувала насмевката од нејзиното лице.

Да се потсетиме, актерката и нејзиниот сопруг, модниот креатор Мосимо Џанул, во мај 2020 година признале дека се виновни за давање мито, за нивните ќерки Оливија Џејд и Изабел Џанул да се запишат на Универзитетот во Јужна Калифорнија.

Лори била осудена на затворска казна во траење од два месеца затвор, додека нејзиниот сопруг Мосимо добил пет месеци. Актерката ја отслужила казната во Федералната поправна установа во Даблин во Калифорнија.

„Донесов ужасна одлука. Сакав на неправеден начин да ги запишам ќерките на факултет“, рекла актерката во своето сведочење на суд во август минатата година, со што добила помала казна.

Иако не можела да одбегне затвор, добила, како што многумина сметаат, навистина минимална казна.

Обвинетата брачна двојка не успеала никого да го увери на судењето дека нивната „донација“ за универзитетот не била обично мито, со помош на кое нивните наследнички се запишале на посакуваниот факултет.

Лори досега се криела од објективите на папараците, а претходно се шушкало дека набрзо ќе се врати на снимањата, сега кога големиот скандал е зад неа.

„Очајната домаќинка“ оди во затвор: „Нема оправдување за тоа што го направив“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.