По 16 години, Емина Јаховиќ и Ана Николиќ повторно зборуваат: Еве што ги смири пејачките

Ги закопаа секирите

Ана  Николиќ и Емина Јаховиќ ги закопаа воените секири и сега повторно комуницираат. Причината за нивното смирување се парите и работата. А бидејќи и двете се големи професионалки, одлучија недоразбирањата да ги остават во минатото и да почнат да соработуваат.

Додека избираше песни за новиот албум, кој го објави пред неколку месеци, Ана Николиќ дојде на идеја текстот за една од песните да ѝ го напише Емина Јаховиќ. Инаку, композиторот што ѝ го работеше албумот на Ана е близок пријател со Емина и тој дополнително ја охрабри да ѝ се јави“, објаснува изворот за „Скандал“, и додава:

 

 

View this post on Instagram

 

🪐

A post shared by Emina Jahovic (@yaemina) on

Разбирливо, Емина го прифати предлогот на Ана. Воопшто не се навратија на расправијата од пред 16 години, иако тогаш жестоко се скараа и едно време не можеа ни да се гледаат една со друга. Но очигледно во меѓувреме созреаја и сфатија кои им се приоритетите во животот, па сето тоа е сега зад нив. И на двете им се смешна таа расправија, а од друга страна, задоволни се од соработката која и на двете им носи заработувачка“, завршува изворот.

 

 

View this post on Instagram

 

Rock’n roll baby….

A post shared by Ana Nikolić (@ananikolicofficial) on


Потсетуваме, пејачките се судрија во 2004 година на фестивалот „Сунчане скале“. Ана настапи пред Емина во бел фустан на „Кавали“, а општ хаос настана кога Емина сфати дека ќе се посрамоти ако се појави по неа во истата креација, па побрза во Будва по нова тоалета. Поради тоа многу ѝ се налути на Николиќ и со неа не зборуваше до овој предлог за соработка.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.