Платиле повеќе од 200 евра за апартман во Катар, па занемеле пред морничавата глетка: Далеку од луксузот што го очекувале!

Нема врска со гламур

На социјалните мрежи осамнале видеа од валкан мебел во Катар и ја шокирале јавноста, која е убедена дека секое катче на оваа земја изобилува со луксуз

Светското првенство во фудбал не се губи од фокусот, па јавноста се интересира за секое случување што е поврзано со него. Додека многумина си го дозволија тој луксуз и отидоа во Катар за да ја почувствуваат магијата на мундијалот, повеќето фудбалски фанови ги следат натпреварите од топлината на својот дом.

Меѓутоа, оние што отишле во навивачкото село во Катар наводно се соочиле со бројни непријатности. Имено, цената за ноќевање во овие апартмани се движи од 207 долари па нагоре, но повеќето гости не се задоволни од сместувањето.

@fanvillageqatarr got the premium experience #worldcupqatar2022 #fanvillageworldcup2022 ♬ Love You So – The King Khan & BBQ Show

На ТикТок се појавиле видеа кои наводно биле направени во еден од апартманите во Катар. На видеото се гледа како гостите влегуваат во апартман каде што ноќевање чини околу 200 евра и се соочуваат со мноштво непријатности уште на самиот влез.

@fanvillageqatarr #worldcupqatar2022 #worldcupfanvillages ♬ Originalton – World Cup Qatar

Многумина остро ја искритикувале постапката на креаторот на овие видеа, сметајќи дека намерно ги истакнува негативните страни на земјата домаќин на Светското првенство во фудбал. Други, пак, биле згрозени од глетката и го искажале својот револт во коментарите.

@fanvillageqatarr #worldcupqatar2022 #worldcupfanvillages #qatar2022 ♬ Originalton – World Cup Qatar

Со оглед на тоа што Катар е една од побогатите земји, која изобилува со луксуз и гламур, креаторот на видеата бил разочаран од домаќинот на мундијалот. Меѓутоа, имало и коментари на луѓе кои сметаат дека секогаш важи правилото: „колку пари – толку музика“.

Најбогатата земја на светот ни со пари не може да го купи тоа што ние го фрламе: Нема да ви се верува како се живее во Катар
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.