Пикантериите што Меган Маркл и принцот Хари ги споделија во интервјуот со Опра

„Валканите алишта“ на кралското семејство излегоа на виделина

Принцот Хари и Меган Маркл многумина шокираа во ексклузивниот разговор со популарната Опра Винфри. Станува збор за нивно прво нивно интервју по напуштањето на кралските должности и преселбата во САД.

Од откривање на полот на второто дете до тајно вечавање и расправии со преостанатите членови на кралското семејство, ова се поентите на славните сопружници од нивното двочасовно ексклузивно интервју, кое предизвика огромен интерес на јавноста.

Имено, Меган Маркл изјави дека помислувала на самоубиство додека била активен член во кралското семејство.

Едноставно, веќе не сакав да бидам жртва. И тоа беше многу јасна, постојано, реална застрашувачка мисла“, вели Меган.  Таа додала дека, иако побарала помош од кралското семејство, не ѝ била укажана. И било соопштено дека сочувствуваат со неа, но дека не можат да направат нешто за да ја заштитат.

Меган тврди, а Хари потврди, дека додека била бремена со Арчи, се довело во прашање која боја на кожата ќе ја има детето. Токму затоа, од стравот што го имало кралското семејство, на Арчи му е одземена титулата принц. Меган изјавила дека не е точно дека таа и Хари го барале тоа.

Исто така, Меган ги демантирала поранешните медиумски натписи дека ја расплакала Кејт Мидлтон пред свадбата со Хари. Вели, дека било обратно, односно, дека Кејт ја расплакала неа, но ѝ се извинила.

На сите околу мене, од моментот кога светот дозна дека јас и Хари се забавуваме, им рече кажано секогаш да одговараат ‘немам коментар’“, изјавила Меган, и додала дека во тоа време верувала дека кралското семејство ја заштитува.

 

Дури кога се венчавме и ситуацијата почна да се влошува, сфатив дека не само што не ме штитат, туку и не се подготвени да ја кажат вистината за да не’ заштитат мене и мојот сопруг“, додава таа.

Принцот Хари изјавил дека неговиот татко, принцот Чарлс, не разговара со него откако парот „дал оставка“ од својата функција во кралското семејство. Изјавил дека премногу ја почитува кралицата за даизлаже нешто.

Трипати разговарав со баба ми и двапати со татко ми пред да престане да ми се јавува. Тогаш ми рече се’ што имам да му кажам да му испратам по писмен пат“, изјавил Хари.

Уште од 2020 година принцот Хари не добива пари од Кенсингтонската палата. Поради тоа, како и поради потребата да плати лично обезбедување, парот се одлучил на многубројни договори со повеќе компании, вклучувајќи ја и „Нетфликс“. Единствено што му останало биле парите од неговата мајка, принцезата Дајана.

Меган открила дека парот тајно се венчал три дена пред јавната церемонија која се одржа на 19 мај во 2018. Двајцата на интимна церемонија размениле заклетви.

Исто така, Меган и хари открија дека второто дете е девојченце.

Да добиеш момче, па девојче… што може човек уште да посака, имаме семејство“, истакнал Хари.

Меган открила дека ретко кога смеела да ја напушти куќата бидејќи луѓето од „Фирмата“- термин кој се користи за кралското семејство биле загрижени како „работите може да изгледаат.“

Опра го прашала Хари дали би ги напуштил кралските должности да не била Меган.

Не“, одговорил тој, додавајќи дека претходно бил во замка на системот, но не знаел за тоа.

Меган изјавила дека кралицата секогаш била прекрасна и се присетила на нивното заедничко патување со воз кога Елизабета Втора ѝ подарила бисерни обетки и синџирче. Принцот Хари истакнал дека исто така има убав однос со својата баба.

Инаку, Опра парот во интервјуирала во нивниот дом во Санта Барбара, во близина на кокошарник полн со пилиња кои парот ги спасил до блиска фарма.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.