Пикантерии од љубовниот живот на годинешниот победник на „Евровизија“: Фотографијата со која ги „разби“ озборувањата за сексуалната ориентација (ФОТО)

Интересно...

Италијанската глам рок-група Манескин годинава е победник на Евровизија со песната „Зити е буони.“

Според гласовите на стручното жири, најмногу гласови освои Швајцарија – 267. Но, по пребројувањето на гласовите на публиката, стана јасно дека италијанскиот бенд Манескин е годинешен победник на Евровизија.

Ова е третпат во историјата на ова натпреварување Италија да ја освои титулата за најдобра песна.

Инаку, фронтменот на Манескин, Дамјано Давид, се најде во центарот на озборувања дека е хомосексуалец. Затоа, изгледа пејачот одлучи да излезе во јавноста со својата тајна љубовна врска и да ја обелодени својата избраничка.

А тоа го направи со фотографија споделена на својот инстаграм-профил, на која позира со моделката и инфлуенсерка Џорџа Солери, со која е веќе четири години во љубовен однос.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by mich and dami♡ (@damiloml)

Меѓутоа, во сите објавени интервјуа, Дамјано никогаш не го спомнува својот љубовен живот. Токму поради оваа причина, имаше многу гласини за неговата сексуална определба.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Radio VivaFm (@radio_vivafm)


Но да се вратиме на Евровизија… По двете полуфинални вечери, големиот музички натпревар се одржа во живо во арената во Ротердам пред публика од 3.500 луѓе.

Ова е меѓу првите големи натпреварувања што се одржуваат во живо додека се’ уште трае пандемијата на ковид-19. Сепак, и со тестови и мерки на претпазливост, не секој можеше да го избегне коронавирусот.

Имено, исландскиот бенд „Дади ог Гагнамагнид“ не настапи во живо за време на полуфиналната вечер во четвртокот, ниту во вечерашното финале со оглед на тоа дека еден од членовите на бендот бил позитивен на коронавирусот.

Така публиката имаше шанса да види снимка од претходната проба, додека членовите на бендот беа во карантин во хотел во Ротердам.

По двете полуфинални вечери во вторникот и четвртокот, на последната вечер присуствуваа изведувачи од 26 земји, по 10-те најдобри од секое полуфинале, земјата домаќин и петте земји кои одат директно во финалето: Германија, Италија, Франција, Шпанија и Велика Британија.

Од земјите на Западен Балкан, само групата „Хурикејн“ од Србија успеа да се пласира во финалето.

Најдобрата евровизиска песна е избрана од жири составено од експерти од музичката индустрија, но и од гласовите на публиката.

Холандија беше домаќин на годинешното 65-то издание на натпреварот за најдобра песна во Европа, откако Данкан Лоренс победи во 2019 година во Тел Авив.

Photo credits: Τhomas Hansens

Минатата година натпреварот беше откажан поради ковид-пандемијата.

Традиционалното натпреварување за песна на Евровизија привлекува публика од 200 милиони луѓе од 45 земји.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.