Пејачот (78) и неговата сопруга (61) изгледаат двојно помладо одошто се: Сите се прашуваат која е нивната тајна!

Неверојатно

Легендарниот Пол не планира да се пензионира

Легендарниот Битлс, Пол Макартни (78) ужива колку што може, а со својата сопруга Ненси Шевел (61) последниве денови одмора на островот Свети Бартоломеј. 78-годишниот музичар и неговата 61-годишна сопруга, поголемиот дел од времето го поминуваат на плажа и не обрнуваат внимание на бројните фотографи што ги опкружуваат.

Карипското море и сончевото време очигледно се полн погодок за славниот пар, а и двајцата се појавиле на плажа во костим за капење. Веќе неколку недели се на Свети Бартоломеј, па изгледа дека немаат намера брзо да го прекинат својот годишен одмор. Тука прославиле и Нова година, а омиленото летувалиште на богатите и славните е нивниот прв избор последниве неколку години.

Инаку, кон крајот на минатата година Макартни рекол дека едвај чека да се врати на музичката сцена, а истакнал и дека ќе се вакцинира штом дојде на ред. Бројни негови обожаватели велат дека не им се верува што Пол и понатаму е во одлична форма и покрај неговите години, а според неговите зборови, тој не планира никогаш да се пензионира и ќе настапува сè додека има волја и сила за тоа.

Годините си го направиле своето: Се прослави во „Очајни домаќинки“, жените лудуваа по него, а денес изгледа потполно поинаку!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.