Пејачката го покажа лицето без шминка и сите се шокираа: Таа денес е сè што поранешниот дечко ѝ забрануваше да биде!

Ја покажа реалноста на Инстаграм

Лицето без ронка шминка ги воодушеви нејзините следбеници, а пејачката ја потврди титулата „најследена ѕвезда на Инстаграм“

Селена Гомез објави фотографија на која нема ни грам шминка на лицето, а потоа и Леди Гага излезе на настапот на „Оскарите“ во фармерки и без шминка. Тоа е сè што треба да знаете за влијанието на жената која моментално има најголем број следбеници на Инстаграм.

Иако пејачката порасна пред нашите очи и има 30 години, нејзината храброст да покаже како навистина изгледа повторно го воодушеви светот. Тоа беше особено фасцинантно по големиот хаос што го направија медиумските написи во кои се истакнува дека токму сопругата на нејзиниот поранешен дечко, Хајли Бибер, ја исмевала Селена.

Селена беше токму таа што призна дека Џастин Бибер би сакал таа да има „манекенска градба“, па затоа и била слаба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Selena Gomez (@selenagomez)

Денес, изгледот на Селена зрачи со женственост, што може да се види и на последното селфи. Покрај лицето без шминка, во прв план било и нејзиното бујно деколте.

„Еве ја во полн сјај“, прокоментирала Брук Шилдс, додека со воодушевување ја искоментирала нејзината слика и самата Мишел Фајфер.

Селена Гомез лажела дека не ѝ пречат критиките за нејзиниот изглед: „Постојано плачев“
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.