Папараци ја уловиле ќерка му на Доналд Трамп во незгодна ситуација: Поради ова „зујат“ социјалните мрежи!

Изгледа дека Тифани ќе треба да се објаснува...

Наследничката на поранешниот американски претседател била уловена на тераса од хотел со догорче и запалка во рака

Ќерка му на Доналд Трамп, Тифани (27), која ја има од бракот со Марла Мејплс, американска водителка и актерка, моментално одмора во Мајами со свршеникот Мајкл Болос и со семејството, а фотографите ја уловиле во незгодна ситуација.

Имено, таа била во хотелот и за момент излегла на тераса, кога била фатена со догорче и запалка во рака.

Покрај тоа, вниманието на папараците го украл и свршеничкиот прстен што блескал на нејзината рака, проценет на 1,2 милиони долари.

Тифани ја изгасила рачно свитканата цигара во тегла на хотелската тераса.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Logan Stake (@badjokelogan)

Меѓутоа, многумина претпоставуваат дека не пушела цигара…

Со оглед на тоа што никогаш не е видена со цигара во рака, па не е познато дека е пушач, на социјалните мрежи веднаш се прошириле коментари, па многу обожаватели на славното семејство мислат дека не се работи за тутун.

Сепак, тоа се само претпоставки.

Да се потсетиме, нигерискиот мултимилионер Мајкл Болос ја запросил Тифани во градината на Белата куќа. Тој инаку е наследник на нигерискиот конгломерат Boulos Enterprises и живеел во Нигерија додека не ја запознал Тифани на Миконос во Грција во 2018, по што поради неа се преселил во Америка.

Што кажал Доналд Трамп за Меган по експлозивното интервју: Не сакал јавноста да дознае за ова!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.