ПАПАРАЦИ: Бен Афлек купува свршенички прстен со мајка си?! (ФОТО)

Го следат секој чекор актерот

Светските медиуми на големо информираат за интересната прошетка на популарниот холивудски актер Бен Афлек со својата мајка Сем и синот Семјуел.

Имено, за време на оваа прошетка, ништо немаше да биде чудно доколку актерот не застанеше пред златарницата на светски познатиот бренд „Тифани“, која, меѓу другото, е позната по прочуените свршеничи прстени.

Поради оваа прошетка, почнаа гласините дека Бен Афлек се подготвува повторно да ја запроси Џенифер Лопез.

Холивускиот актер влегол во златарницата со мајка си и синот, каде што останале некое време.

Бен со себе носеше превиткана хартија, во која повремено се загледуваше, а по излегувањето од продавницата, разменуваше впечатоци со мајката и синот.

Дали актерот е подготвен да го направи следниот голем чекор со својата старо-нова девојка Џенифер Лопез, времето ќе покаже.

Фото: Twitter

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.