Овие личности заработуваат илјадници долари за објава на „Инстаграм“

Ако сакате да бидете и вие како нив, станете U&Z Influencer Star

Фото: Инстаграм

Листата на инстаграм-милионери за 2019 година е објавена и покажува дека кланот Кардашијан-Џенер сè уште е доминантен.

Втора година по ред, Кајли Џенер е на врвот на листата како славна личност која наплатува најмногу за една објава на Инстаграм. Но и нејзините сестри Ким Кардашијан и Кендал Џенер не заостануваат многу.

Фото: KylieCosmetics.com

Годишната листа е составена од „HopperHQ“, алатка која анализира внатрешни и јавно достапни податоци за да ги одреди најплатените славни лица и инфлуенсери на оваа социјална мрежа.

Алатката ги зема предвид активноста, колку често личноста објавува и бројот на следбеници за да пресмета колку овие славни личности би можеле да наплаќаат за објава. Потоа се прави листа на основа на овие проценки.

Меѓу оние со најголеми заработки за објава се најде и фудбалерот Мохамед Салах, кој е на 26-то место со неговите 30,5 милиони следбеници и заработка од 165.000 долари за објава. Борачот Конор Мекгрегор, кој има 31,4 милиони следбеници, е едно место погоре и, според алатката, тој за објава заработува 169 илјади долари. Луис Суарез има 34,3 милиони следбеници и проценета заработка за објава од 184 илјади долари. Тој се најде на 24то место на листата. Златан Ибрахимовиќ е на 22-то место со 37,4 милиони следбеници и 200 илјади долари заработка за објава, а Гарет Бејл е на 21-то место со 40,5 милиони следбеници и 218 илјади долари заработка за објава. Роналдињо е едно место погоре со 47,2 следбеници и 256 илјади долари за објава.

Во првите 20 се најдоа и Леброн Џејмс (272.000 долари за објава), Дејвид Бекам (357.000 долари за објава), Деми Ловато (458.000 долари за објава), Клои Кардашијан (598.000 долари за објава), Кендал Џенер (611.000 долари за објава), Лионел Меси (648.000 долари за објава), Ники Минаж (651.000 долари за објава)…

Ако имате повеќе од 2.000 следбеници на Инстаграм и сметате дека ја заслужувате титулата „UBAVINA&ZDRAVJE Influencer Star“, пријавете се на натпреварот на нашиот магазин, кој ќе се одржи во декември, а пријавите се возможни до 15 септември.

Оваа година првпат во Македонија ќе се одржи U&Z Influencer Awards, а големото финале е закажано во декември, кога на гала-свеченост ќе бидат доделени статуетките. Победникот во секоја категорија ќе има можност да склучи договори за спонзорство со брендот кој ќе биде покровител на категоријата, а победникот ќе ја краси декемвриската насловна страница на „Убавина и здравје“. За време на летово ќе може да се пријавувате на нашата имејл-адреса redakcija@ubavinaizdravje.mk, оставете ги вашето име и презиме, телефонски број и линк до вашиот инстаграм-профил. Означете ја и категоријата за која се пријавувате. Пријавувањето трае до 15-ти септември, од кога започнува и натпреварот, кој ќе трае до 1-ви декември. На сите пријавени ќе им бидат дадени одредени задачи кои ќе треба да бидат сработени, а кон крајот на годинава покрај нив на гламурозната забава ќе биде прогласен и победникот во категоријата Influence Star.

Правилата на натпреварувањето се едноставни: ако сакате да станете влијателни на социјалните мрежи, имате меѓу 18 и 40 години и над 2.000 следбеници.

Потребно е да ни испратите мејл, да направите креативна фоотографија или видео со принтаното издание на „Убавина и здравје“ и да ја објавите на вашиот профил и притоа да ги тагирате нашиот инстаграм и фејсбук-профил. И задолжително додајте ги хаштазите #ubavinaizdravje #uzinfluencers2019 #VIOLETAandUZ

Пријавувањето трае до 15 септември 2019 година.

U&Z Influencer Awards 2019 powered by Violeta!

Ќе бидат наградени инфлуенсери во шест категории – Beauty, Travel, Fashion, Food, Lifestyle i Insta man, а титулата во седмата категорија У&З  Influence Star  можеби е резервирана токму за вас! Осмата специјална категорија е Среќа каде учество ќе можат да земат сите со навршени 18 години без разлика на бројот на следбеници. Ќе има мини натпревар каде ќе бидат тестирани вашата креативност. Сите учесници на крајот ќе добијат подароци, а победиците во категории ќе добијат вредни подароци од спонзорите на категоријата или можност да потпишат договор да бидете нивен официјален инфлуенсер. За сите детали ќе ве известуваме благовремено.

Пријавувањето трае до 15 септември 2019 година на redakcija@ubavinaizdravje.mk

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.