Ова се дел од учесниците на „U&Z Influencer awards 2020“ во Insta parents категоријата

Магазинот „Убавина и здравје“ повторно организира конкурс за највлијателните личности на социјалните медиуми.

Главен покровител на конкурсот е „Виолета“, а гласањето ќе започне на 15 декември ќе трае 3 дена. Кои ќе бидат победниците одлучуваат вашите гласови, кои им се додаваат на оние на жирито.

Секојдневно ни го подобруваат расположението споделувајќи фотографии од своите најмили и делејќи совети за родителството на Инстаграм – ова се дел од учесниците во Insta parents категоријата.

Теа Трповска 

Домот, семејството, топлината, готвењето и начинот на живеење наречен „hygge“ се зборови кои во целост ја опишуваат Теа. Нејзиниот Инстаграм профил е вистинска репрезентација за животот кој го живее, соништата кои ги има и она кое се стреми да го постигне. На него најчесто споделува вкусни рецепти, од кои омилени за подготвување ѝ се лепчињата, фотографии од керќичката Ирма и семејството, кои со сигурност ќе ве инспирираат и ќе ја активираат вашата креативност.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 🌈 Tea T. (@teatrpovska)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 🌈 Tea T. (@teatrpovska)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 🌈 Tea T. (@teatrpovska)


Miss.mama.mk

Зад профилот на Miss mama стои 31 годишната мајка, радиоводителка и фотографка – Зорица Николовска. На него споделува дел од своето бучно и бурно секојдневие со кое е доброзапознаен секој родител. Таа се труди со своите објави да ги посоветува и мотивира следбениците истакнувајќи се како борец за женски права, искрено и отворено говорејќи за улогата на маќеа, вишокот килограми, секојдневните проблеми, искуството со мало дете, како и нејзиното размислување за растот и развојот на малите дечиња.


Sparkly daughter

Профил на совршено несовршено семејство каде сѐ е возможно со малку фантазија и креативност. Мајка која инсистира на забава и креативност како не би дозволила технологија во детството на ќерката. Семејство чии членови се љубители на природа, животни, прошетки, време поминато во заеднички игри кои секојдневно ги споделуваат своите активности со големиот број Инстаграм следбеници.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sparkly Daughter (@sparklydaughter)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sparkly Daughter (@sparklydaughter)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sparkly Daughter (@sparklydaughter)


Повеќе информации и правилата на конкурсот можете да ги прочитате тука.

Виолета Double care детски пелени – сè што ви треба за совршена грижа за вашето дете! 

Violeta Double care пелените, првите пелени во Европа со најсовремена и иновативна AIR DRY технологија, се специјално создадени за да овозможат многу брза апсорпција и сува бебешка кожа.

Површината на пелената е составена од меки влошки за побрза дистрибуција на течноста и нејзина рамномерна распределба по целата пелена. Оваа уникатна технологија за апсорпција овозможува сувост на површинскиот слој на пелената, што обезбедува кожата на бебето да остане чиста, безбедна и сува подолго време.

Дишните и тенки материјали од кои се направени обезбедуваат непречен проток на воздух низ пелената и спречуваат црвенило и иритација на нежната кожа на бебето. Високо-еластичните ленти совршено се прилагодуваат на детската градба.

Бидејќи при креирање на пелени се размислуваше за вистинските потреби на детето, пелените беа препознаени како безбеден и квалитетен производ и од родителите и од крајните потрошувачи.

Највисок рејтинг од експерти

При тестирање на пелените во лабораторијата „Courtray“, овие пелени се класифицирани во Класа А, што претставува највисок можен рејтинг на овој вид на производи.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.