Ова се дел од учесниците на „U&Z Influencer awards 2020“ во Fashion категоријата

Магазинот „Убавина и здравје“ повторно организира конкурс за највлијателни момци и девојки на социјалните медиуми.

Конкурсот „УиЗ инфлуенсер авардс 2020“ – „Јас сум повеќе од селфи“, чиј главен покровител е „Виолета“, се одржува на порталот „Убавина и здравје“, нашите социјални мрежи, печатеното издание на магазинот „Убавина и здравје“ од 1 ноември до 15 декември, а за изборот на „УиЗ-инфлуенсер“ одлучуваат гласовите на читателите и следбениците на брендот „Убавина и здравје“ и гласовите на жирито „Убавина и здравје“. УиЗ-инфлуенсерите, добитници на 10 категории, ќе бидат објавени на 22. декември.

Ова се дел од учесниците во Fashion категоријата, чиј покровител е „Lisca“. 

Даниела Ѓуровска

Веќе 6 години дел од блогерска сцена во Македонија, профилот на Даниела го красат разнобојни фотографии од нејзините разновидни модни комбинации. Моментално модниот дизајн го има ставено на пауза фокусирајќи се на својата работа во маркетинг секторот, повторно во модната индустрија. Својот Инстаграм профил го има започнато поттикната од желбата да ја искаже својата креативност, а за нас тој претставува катче за секојдневна модна инспирација.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Daniela Gjurovska (@thegjurovska)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Daniela Gjurovska (@thegjurovska)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Daniela Gjurovska (@thegjurovska)


Ксенија Деспотоска

Девојка која ја сака модата и ужива во создавање на убави фотографии. Креативноста е нејзината добра страна и ја прикажува преку својот Инстаграм профил. Сака да испробува нови работи и да се впушта во нови авантури. Секогаш смета дека освен надворешната убавина, многу повеќе е важна внатрешната што секој од нас ја носи во себе, поради што се труди секогаш да зрачи повеќе од внатре, а тоа е особено приметливо на нејзините фотографии на кои ги прикажува своите инспиративни модни комбинации.


Валерија Преспаноска

Валерија има 25 години и е дипломиран преведувач за германски и англиски јазик. Пред неколку години одлучила својот интерес кон модата и трендовите да го преточи во Инстаграм профил каде ужива да го споделува својот моден стил фотографиран на секогаш креативен начин кој со сигурност ќе ве инспирира да го отворите својот гардеробер и да рекреирате некоја од нејзините впечатливи модни комбинации.


Повеќе информации и правилата на конкурсот можете да ги прочитате тука.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.