Ова е твоја шанса: Стани U&Z Influencer Star

Ако имате повеќе од 2.000 следбеници на Инстаграм и сметате дека ја заслужувате титулата „UBAVINA&ZDRAVJE Influencer Star“, пријавете се на натпреварот на нашиот магазин, кој ќе трае до декември, а пријавите се возможни до 15 септември.

„U&Z Influencer Awards“ оваа година првпат ќе се одржат во Македонија, а големото финале ќе се одржи во декември, кога на гала-свеченост ќе бидат доделени статуетките. Победникот во секоја категорија ќе има можност да склучи договори за спонзорство со брендот кој ќе биде носител на категоријата, а победникот ќе ја краси декемвриската насловна страница на „Убавина и здравје“. За време на летово ќе може да се пријавувате на нашата имејл-адреса redakcija@ubavinaizdravje.mk, оставете ги вашето име и презиме, телефонски број и линк до вашиот инстаграм-профил. Означете ја и категоријата за која се пријавувате. Пријавувањето трае до 15-ти септември, од кога започнува и натпреварот, кој ќе трае до 1-ви декември. На сите пријавени ќе им бидат дадени одредени задачи кои ќе треба да бидат сработени, а кон крајот на годинава покрај нив на гламурозната забава ќе биде прогласен и победникот во категоријата Influence Star.

Правилата на натпреварувањето се едноставни: ако сакате да станете влијателни на социјалните мрежи, имате меѓу 18 и 40 години и над 2.000 следбеници.

Потребно е да ни испратите мејл, да направите креативна фоотографија или видео со принтаното издание на „Убавина и здравје“ и да ја објавите на вашиот профил и притоа да ги тагирате нашиот инстаграм и фејсбук-профил. И задолжително додајте ги хаштазите #ubavinaizdravje #uzinfluencers2019 #VIOLETAandUZ

Пријавувањето трае до 15 септември 2019 година.

U&Z Influencer Awards 2019 powered by Violeta!

Ќе бидат наградени инфлуенсери во шест категории – Beauty, Travel, Fashion, Food, Lifestyle i Insta man, а титулата во седмата категорија У&З  Influence Star  можеби е резервирана токму за вас! Осмата специјална категорија е Среќа каде учество ќе можат да земат сите со навршени 18 години без разлика на бројот на следбеници. Ќе има мини натпревар каде ќе бидат тестирани вашата креативност. Сите учесници на крајот ќе добијат подароци, а победиците во категории ќе добијат вредни подароци од спонзорите на категоријата или можност да потпишат договор да бидете нивен официјален инфлуенсер. За сите детали ќе ве известуваме благовремено.

Пријавувањето трае до 15 септември 2019 година на redakcija@ubavinaizdravje.mk

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.