Ова е првата објава на Оливера Балашевиќ по смртта на Ѓорѓе! (ВИДЕО)

Се огласила

Вдовицата на неодамна починатиот панонски морнар во првата објава по смртта на сопругот ја истакнала важноста на мајчиниот јазик

Оливера Балашевиќ, вдовицата на Ѓорѓе Балашевиќ, е скршена од болка поради загубата на сопругот, а првата објава на социјалните мрежи по смртта на познатиот кантавтор ја објавила вчера, 11 дена по неговата смрт.

Таа на посебен начин споделила видеопарче од емисијата во која гостувала и зборувала за тоа што значи јазикот за неа.

Меѓународен ден на мајчиниот јазик

„Живееме во чудни времиња. Она што е далеку секој ден се чини уште подалеку. А она што ни е близу, ни е сè поблизу и поблизу.

Во хаосот на ова искривено огледало на пандемија и апсурд, кои сме ние ако не се стремиме кон вредностите?

Она најдлабокото, што потекнува од нашите корени и тивко, со шепот, нè потсетува кои сме.

Така и на денот на мајчиниот јазик му должиме барем благодарност, ако ништо друго. Тоа нè предупредува да не заборавиме.

На корените. На мајките. На бабите. На нас самите.

Меѓутоа, не можам а да не се запрашам, дали мајчиниот јазик е оној на којшто нè учат нашите мајки или тоа е оној на којшто ги учиме нашите деца?

Мојата мајка, за жал, го немаше. Растејќи во некои други времиња, засекогаш остана без тој изворен јазик, кој ги пишува нашите први приказни. Или можеби го имала, само не му го знаеме името?

Било што било, среќа е тоа што планетите имаат свој јазик. И што се разбираат. Тие се пак тајно и непогрешливо поврзани, светови за себе.

Различни а исти.

Ми беше чест, но и одговорност, да кажам неколку зборови по повод одбележувањето на 20-от меѓународен празник на мајчиниот јазик. Зборови од најдалечните агли на душата, како што и прилега кога од вас говори дете на воено сираче, кое пораснало токму тука, во Ковачица.

Ми шепнаа од мојата планета да ви пренесам да не заборавате.

Туку да се сеќавате.“

Ова Ѓорѓе Балашевиќ го напишал во втора година средно училиште
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.