Ова е најскапиот џемпер на светот, вреден 334.000 долари (ФОТО)

Никогаш не е испран, му недостига копче, а има и дупка од жар од цигара

Аукциската куќа „Џулијанс“ го продаде славниот зелен кардиган што Курт Кобејн го носеше на снимањето на специјалот на „Нирвана“ за „Ем-ти-ви“.

Кардиганот е валкан, не мириса баш најдобро, има дупка од жар од цигара и никогаш не е испран, а постигна цена од 334.000 долари.

Почетно беше проценет на 200.000 долари, но конечната понуда на анонимниот купувач ја надмина таа бројка.

 

Претходниот сопственик, бизнисмен што не сакал да му се објави името, го купил кардиганот за 137.000 долари пред четири години.

Среќниот купувач со џемперот добива и писмо што ја гарантира автентичноста – го напишала Џеки Фери, дадилката на ќерката на Кобејн, Френсис Бин, на која вдовицата на Курт, Кортни Лав, ѝ го подарила џемперот по самоубиството на пејачот во април 1994 година.

Фото: Инстаграм

Видео: Јутјуб

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.