Откриено: Бијонсе била жртва на сексуално злоставување

Група мажи се обиделе да спијат со пејачката

Бијонсе Ноулс, кралицата на поп-музиката, според тврдењето на нејзиниот татко Метју Ноулс беше жртва на сексуално злоставување.

Имено, таткото на една од најпопуларните пејачки проговори за лошата одлука што ја донел во почетокот на нејзината кариера.

Тој во почетокот на нејзината кариера во групата „Дестинис чајлд“ и’ беше менаџер, а сега одлучи на промоцијата на својата автобиографија да открие дека неговата ќерка и Кели Роланд биле жртви на сексуално злоставување.

Наводно, инцидентот се случил во 2000-та година, кога девојките ги нападнале членовите на групата Jagged Edge со кои настапувале на заедничка турнеја.

Во тоа време девојките беа малолетни, имаа 16 години, а момчињата имаа 21 и 22 години. Јас бев одговорен за девојките и морав да се грижам за нив“, раскажал Ноулс и додал дека Кели и Бијонсе му кажале дека момчињата им додеваат.

Пред крајот на интервјуто, водителот го прашал како ја решил ситуацијата во која групата мажи се обидела да спие со неговата ќерка, на што тој одговорил:

Да не зборуваме за тоа пред камерите“.

Видео: Јутјуб

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.