Откриено! Аки Ракимовски стана татко во 65-та година!

Фронтменот на групата „Парни ваљак“ станал татко уште пред три месеци, но тој и неговата партнерка среќната вест ја криеле од јавноста

Популарниот пејач Аки Ракимовски пред три месеци добил ќерка со 48-годишната медицинска сестра од Словенија Барбара Васел, која ја крстиле Антонија. Пејачот, кој досега има две деца од два брака, се преселил во Словенија кај својата 27 години помлада избраничка, а бидејќи ниту тој, ниту таа се огласија по повод приновата, новинарите на РТЛ Ексклузив разговарале со мајката на Барбара, Розалија, која им го открила следново:

 Сè е одлично. Девојчето се вика Антонија. Задоволна сум со Аки“, им открила новопечената баба.

Фото: Петар Ѓорѓевиќ

Шеесет и петгодишниот пејач на „Парни ваљак“ пред неколку месеци имаше медицински проблеми и полесен срцев удар.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.