Откриени се детали од разводот: Средствата се одредени, Канје ќе ѝ плаќа 200.000 долари на Ким за алиментација

Се расчистија

Ким Кардашијан и Канје Вест официјално се разведоа откако минатата година објавија дека одлучиле да му стават точка на бракот по седум години заеднички живот.

Кога се во прашање нивните имоти, некогашниот пар веќе имаше предбрачен договор, па поделбата беше мошне поедноставна.

Сега ги решија и сите правни прашања, вклучувајќи го и старателството над децата и прашањата поврзани за недвижнините, пишува TMZ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

Ријалити-ѕвездата и раперот имаа заедничко старателство над своите четири деца Норт (9), Сант (6), Чикаго (4) и Псалм (3).

Кардашијан откри дека поголемиот дел од времето ќе биде со децата, додека Канје со нив ќе биде 20% од времето. Другиот дел од разводот наведува дека Канје ќе ѝ плаќа на Ким околу 200. 000 долари првиот ден од секој месец за издржување на децата, и ќе биде одговорен за 50% од трошоците за нивните деца, вклучувајќи ја нивната школарина и трошоците за обезбедувањето.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.