Откако сопругот ја изигра, манекенката почна нагло да старее: Велеа дека ќе пропадне прекуноќ, но ТАА сите ги шокира

Жизел Бундшен и Хоаким Валенте

Жизел Бундшен и Хоаким Валенте биле фотографирани како го поминуваат времето заедно за време на нивните чести патувања во неговата родна Костарика

Папараците ја фотографирале Жизел Бундшен во минијатурно бикини на Мајами, а друштво ѝ правел тренерот по џиу-џицу на нејзините деца, Хоаким Валенте, што ги покрена озборувањата за нивната романса.

Оваа 42-годишна убавица, која минатата година објави дека се разведува од Том Брејди, сега со широка насмевка уживала со Хоаким, додека заедно веслале на штица.

Горниот дел од црното бикини ѝ ги истакнал затегнатото торзо и извајаните раце на бразилската супермоделка. Познатата манекенка носела ист таков долен дел, а ги покажала и дефинираните нозе и телото поради кое многумина ѝ завидуваат.

Валенте облекол маслинесто зелен костим за капење. Бундшен и инструкторот по џиу-џицу првпат беа поврзувани во љубовен контекст во ноември минатата година, кога се појавиле заедно на патување во Костарика. Меѓутоа, Жизел, која има две деца со Брејди, Бенџамин (13) и Вивиен (10), ги негирала гласините за романсата со Валенте.

Жизел во интервју за априлското издание на „Венити Фер“ го пофалила Валенте и неговите браќа и сестри, со кои се запознала додека тренирала во нивниот џиу-џицу клуб.

„Тие се прекрасни луѓе“, рекла таа и додала дека е среќна што создале таква заедница.

„Многу сум благодарна што ги познавам сите, бидејќи не само што ми помогнаа мене и на моите деца, туку ми станаа и големи пријатели, а особено Хоаким“, додала таа.

Жизел и Валенте биле видени како поминуваат време заедно за време на своите чести патувања во неговата родна Костарика.

Да се потсетиме, Жизел и Том Брејди (45) го финализирале разводот на 28. октомври минатата година, а таа го опишала разводот како „смртта на нејзиниот сон“ и ги негирала гласините дека му дала ултиматум на рагбистот, принудувајќи го да ја одбере нивната врска наместо неговата спортска кариера.

Во споменатото интервју за „Венити Фер“, таа признала дека претпоставките на јавноста за нејзиниот развод биле многу болни и инсистирала на тоа дека отсекогаш сакала само сите негови соништа да се остварат.

„Слушајте, секогаш сум навивала за него и засекогаш би продолжила да навивам за него. Ако постои еден човек што сакам да биде најсреќен на светот, тоа е тој, верувајте ми. Сакам да постигне сè што сака и да освои сè што сака. Сакам да му се остварат сите соништа. Тоа го посакувам, навистина, од срце“, рекла славната убавица.

Исто така, остро негирала дека нејзиниот развод има каква било врска со одлуката на Том да се откаже од завршувањето на својата кариера во NFL. Признала дека главната причина за разводот по 13 години брак била таа што едноставно се „оддалечиле и сфатиле дека сакаат различни работи“.

„Тоа е како СМРТ…“: Жизел првпат за РАЗВОДOT со Брејди: Славната манекенка не можеше да ги задржи солзите, имаше една порака за бившиот сопруг
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.