Опра Винфри првпат дала изјава за интервјуто со Меган и Хари: Морала да го прекине снимањето кога го кажале ова!

Искрено

Кога го чула ова, водителката морала да направи кратка пауза

Опра Винфри (67) првпат проговорила јавно за интервјуто што го направила со принцот Хари и Меган Маркл, за кое сѐ уште се зборува.

Таа нагласила дека не ни претпоставувале колкави размери ќе добие целата приказна и дека интервјуто ќе одекне во целиот свет. Како што наведува, таа само сакала да ѝ овозможи на двојката да ја раскаже својата страна од приказната и да ја откријат вистината што може да се слушне само од нив.

Опра рекла и дека најголемете изненадување за неа било тврдењето дека членовите од кралското семејство расправале за бојата на кожата на нивниот син Арчи и дека тогаш морала да направи пауза за да си дојде при себе.

„Прашав: ’Што? Навистина ќе одите толку далеку?’“, се потсетила Опра.

Водителката признала дека пред снимањето на интервјуто разговарала со Меган и Хари за тоа како ќе изгледа сѐ и во која насока ќе тече разговорот, како што го го прави тоа и со другите гости.

„Причината зошто интервјуто доби толкави размери е тоа што за соговорници имав луѓе што се отворени, ранливи и искрени, какви што беа тие“, раскажала Опра Винфри.

„Не си ги припишувам себе заслугите за ова интервју, јас придонесов со тоа што поставував прашања, но интервјуто излезе такво какво што е поради начинот на кој тие одговараа на нив“, додала познатата водителка.

Подготвен е да ја изнесе својата страна на приказната: Таткото на Меган Маркл ѝ испратил понуда на Опра Винфри!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.