Опасна болест го раздели од саканата сопруга минатата година, а болката не стивнува: Со оваа објава ги расплака следбениците на Инстаграм!

Кели Престон

Легендарниот актер минатата година остана без саканата сопруга

Американскиот актер Џон Траволта (67) ѝ посвети емотивна порака на својата покојна сопруга Кели Престон, која во јули минатата година ја изгуби битката со ракот на дојка.

Имено, на денот кога американската актерка е родена, Траволта објавил фотографија од својата покојна сопруга на Инстаграм и напишал емотивна порака:

„Среќен роденден, Кели. Ни недостасуваш и многу те сакаме.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by John Travolta (@johntravolta)


„Таа сега слави со ангелите“, „Сигурна сум дека ја чувствува вашата љубов“, „Беше неверојатна“, „Секогаш ќе се сеќаваме на Кели“, се некои од коментарите под сликата.

Кели почина во јули 2020 година од рак на дојка на 57 години, по двегодишна борба со опасната болест.

„Со скршено срце ви соопштувам дека мојата прекрасна сопруга Кели ја изгуби двегодишната битка со рак на дојка. Храбро се бореше со љубовта и поддршката на многумина“, напишал тогаш Траволта.

Животот на Џон и Кели веќе биле обвиени со трагедија кога нивниот 16-годишен син Џет почина по епилептичен напад во нивната викендичка на Бахамите во 2009 година.

Како починала сопругата на Џон Траволта: Имала само 57 години и никој не знаел за ова!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.