Уште малку нè дели од едно од најубавите летни доживувања на брегот на Охридското Езеро
По најавата дека EVA го носи медитеранскиот дух во Охрид, подготовките се во полн ек, а атмосферата ветува ден исполнет со добра храна, музика и незаборавни моменти.
На бродот Armada Blue, на 1 август, од 11 до 15 часот, гостите ќе имаат можност да уживаат во внимателно осмислено гастрономско искуство инспирирано од Медитеранот, со специјално мени во кое главната улога ја имаат препознатливите EVA производи. Во комбинација со свежи состојки, летни вкусови и прекрасна глетка кон езерото, секој залак ќе претставува вистинско уживање.

Освен во храната, посетителите ќе можат да се препуштат и на опуштената музичка атмосфера, внимателно избрана да го долови чувството на лето, море и безгрижни денови. Забавната програма, освежителните пијалаци и изненадувањата што ги подготвува EVA ќе го направат овој настан совршен повод за дружење со пријателите и стекнување нови познанства.
Охрид уште еднаш ќе покаже зошто е идеална летна дестинација, а EVA ќе биде домаќин на едно медитеранско доживување кое ги спојува вкусната храна, добрата енергија и прекрасниот амбиент покрај езерото.
Медитеранскиот вкус повторно ќе оживее на Охридското Езеро – а најубавите летни спомени се создаваат токму таму.

Богатство од природни состојки, омега-3 масни киселини и протеини
Љубителите на природна храна знаат да го ценат тоа што EVA туна салатите се направени од природни состојки, богати се со омега-3 масни киселини и протеини, претставуваат природен извор на влакна и не содржат никакви конзерванси. Имено, благодарение на современиот процес на термичка обработка на конзервите, потполно се уништуваат сите микроорганизми и спори, а производот добива долготрајност, поради што нема потреба од додавање конзерванси.

Здрав и практичен оброк за секоја пригода
Медитерана (туна, морков, леќа, наут, црвен грав, сечкана зелена маслинка и маслиново масло), Далматина (туна, бел грав, морков, црвен грав, сечкана зелена маслинка), Мексикана (туна, црвен грав, пченка, морков, пиперка и чили), Кус Кус (туна, кус кус, сушен домат, наут), Црвена киноа (туна, киноа, леќа, сушен домат), Протеинска (туна, сусам, црна леќа, грашок, мешунки) и Баланс (туна, семе од коноп, кафеав ориз, хелда) – која и да ја одберете, ќе си обезбедите „улов“ чиј вкус долго ќе го паметите.
Доколку не знаете како да ги употребите, еве и помош. Додајте ги во салата со зеленчук, ориз, тестенини, мешунки или сервирајте ги додаток со сендвичи. За летните забави совршено ги надополнуваат лесните и неодоливи канапеа и брускети. Во топли варијанти, послужете ги со пици, ролати, тортилји, лазањи, мусака, солени палачинки, јадења со ориз или тестенини. Изборот е бесконечен!
Почнете од нашиот рецепт за брускети со EVA туна салата Далматина и уживајте во неодоливите залачиња!