Огромна трансформација: Ким Кардашијан не личи на себе (ФОТО)
Но производите „одат како алва“!
Популарната американска инфлуенсерка Ким Кардашијан (39) на својот инстаграм-профил објави сет-фотографии по повод промоцијата на нејзината нова козметичка линија. Сепак, вниманието на јавноста многу повеќе ѝ го привлече трансформација на изгледот, која предизвика иницијален шок кај нејзините многубројни следбеници.
Иако најпопуларната сестра од кланот Кардашијан-Џенер често експериментира со изгледот, сепак фотографијата ја зачуди јавноста бидејќи дури и најверните почитувачи на ликот и делото на Ким не ја препознаа на прв поглед….
Сепак, откако ја „сварија“ промената што ја направила, ја „бомбардираа“ со позитивни коментари и лајкови. А сигурни сме дека и овое производи ќе се продаваат „како алва“! Одличен маркетиншки потег, Кими!
Фото: Getty Images, Instagram