Одмаздата се служи ладна: Палатата со тивки и нечесни чекори се пресметува со принцот Хари, тој последен дознал за смртта на кралицата

Свет

Тивка, индиректна војна помеѓу Бакингемската палата и војводата и војвотката од Сасекс продолжува, па дури и во деновите на жалост за кралицата Елизабета Втора – на малите и големите понижувања на Хари и Меган како да им нема крај.

Откако не беа поканети на големиот прием во Бакингемската палата, иако присуствуваа многубројни светски државници, а од униформата на Хари беше тргнат амблемот со иницијалите на кралицата Елизабета Втора, сега во медиумите исплива информацијата дека 38-годишниот војвода од Сасекс дознал за смртта на својата баба само пет минути пред да се објави веста во јавноста.

Британските медиуми пренесоа дека буквално сите, па дури и премиерката Лиз Трас, дознале за смртта пред Хари, наведувајќи дека тоа е уште еден пример во низата на проблеми во семејството. Веста беше објавена на британскиот „Телеграф“, но набрзо беше избришана, па повторно беше пуштена во етер со изменети информации во кои е наведено дека Хари е третиран како и сите други членови во семејството.

Иако Бакингемската палата ретко се огласува кога станува збор за приватните работи, портпаролот на кралот Чарлс Трети направи исклучок, па се огласи:

Јавноста беше известена дури откако веста беше пренесена на секој од членовите на семејството“, изјавил тој.

Но истовремено, иако е потврдено дека веста со Хари била споделена непосредно пред да биде пренесена во јавноста, сепак се наведува дека причината за тоа било летот за Шкотска, поради кој не било возможно да се стапи во контакт со него.

Без разлика на се’, нерешените односи во внатрешноста на кралското семејство се очигледни, а статусот на Хари е под знак прашалник. Извор близок до Хари истакнува дека „срцето му е скршено“, како и дека одлуката на палатата да не го бараат на приемот е „потполно лудило“.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.