Одблиску со третиот полуфиналист во „Заблескај“ – „Преку ова музичко шоу ги остварувам моите соништа!“

Никола Симоноски искрено за љубовта кон музиката, предизвиците, очекувањата од шоуто...

Никола Симоноски е третиот полуфиналист во музичкото талент шоу „Заблескај“, а екипата на „Убавина и здравје“ имаше можност да поразговара со него се со цел да го запознае и подобро да го претстави на публиката. Прашањата и одговорите ви ги пренесуваме во целост…

Од кога се занимаваш со музика и што е она што те натера да се пријавиш во музичкото талент шоу „Заблескај“? 

Од кога почнав да ја слушам волшебната експресија пред многу години, во мене се појави огромна желба за оваа уметност. Ни доловува перспективи на среќа и тага, да не заборавиме да подадеме рака, низ успех и мака. Буди емоции, запознавајќи се подобро самите себе, разубавува секакво време, мир и спокој за мене и тебе. Честопати се размислуваме, мудро толкуваме значење на песна, на душа лесна или тешка, солзи радосници до оние кои не се мили за по образи, играјќи со адреналин или молчеливо набљудување, носејќи до животно откривање.

Кои се твоите очекувања од „Заблескај“, дали можеби очекуваш победа и висок пласман?

Благодарен сум што имам укажана прекрасна можност да бидам дел од ваква прослава на музиката. Чест и привилегија е да се учи од најдобрите. Вие предводите кон живеење на нашиот потенцијал. Заблескај ни дава можност да се презентираме, заблескаме, мотивација да бидеме свои и нашите соништа да станат реалност. Очекувањата се големи, сигурен сум дека ќе ги оправдате.

Каде се гледаш за 10 години од сега?

Човек кој останал доследен на моралните вредности.

Кој е твојот рецепт за насмевка и среќа?

Љубовта е смислата на животот, да се слушне нашиот глас, остварувајќи ги соништата,помагајќи си едни со други, грижејќи се за другите, а не само за самите себе. Сплотени како една човекова нација да се избориме за правда, еднаквост, среќа, живеејќи заедно освојувајќи хоризонти со убави дела, кога има хармонија, тоа ми причинува среќа.

Погледнете го неговиот настап во рамки на третата емисија:

Инаку, вечерва во 21 часот е премиерата на четвртата емисија од „Заблескај“, а во жири ќе бидат Антониа Гиговска и нејзиниот дечко, Иван Јованов кој е фронтмен на составот „Либеро бенд“.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.