„Очекуваме дружба и многу позитивна енергија!“ – Кандидатите во „Заблескај“ искрено за нивните очекувања

Рекапитулација на емисија број три!

Ве запознаваме со уште тројца кандидати кои што беа дел од третата емисија од музичкото талент шоу „Заблескај“.

Викторија Коцева, 21 година, „What’s up– 4 Non Blondes

Викторија има 21 година и доаѓа од Радовиш. Со музика се занимава извесен период и свири гитара. Очекува дружба и позитивна енергија во „Заблескај“

Матеј Костовски, 23 години, „Stargazing” Kygo

Матеј доаѓа од Скопје и е студент на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство. Паралелно работи и како манекен и е дел од модната агенција „Моделс Ин“. Музиката е длабоко врежана во корените во неговото семејство и сите се музички талентирани. Матеј бил дел и од хорот на „Златно славејче“, а негови музички идоли се Бруно Марс и Пинк.

Симона Саздовска, 16 години, „Хајде онда ништа“- Тијана Богичевиќ

Симона има 16 години и живее во Велес. Има многу музички идоли, а кога би требала да издвои некој од македонската музичка сцена тоа дефинитивно би биле Тоше Проески, Елена Ристеска и Тамара Тодевска. Пресреќна е што конечно има шанса да покаже како знае да пее во „Заблескај“ и искрено се надева дека ќе успее да влезе во полуфинале.

Со оглед на тоа што се познати имињата на само тројца полуфиналисти, којзнае, можеби токму некој од овие три млади пејачи кои што ви ги претставиме малку погоре е еден од оние кои ќе се најдат во полуфинале.

Наскоро следуваат детали.

Пријавувањата се завршени! Време е да заблескате!

Погледнете ја целата емисија и претставувањето на Викторија,Матеј и Симона:

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.