Обожавателите на Констракта се разочарани: Пејачката изјави дека не е во позиција да создава нови песни

Шоубизнис

На Ана Ѓуриќ и` недостига клучната работа за создавање нови песни.

Пејачката Ана Ѓуриќ Констракта стекна голема популарност откако постигна голем успех на Евровизија. Таа успеа да го освои петтото место, што е најдобар пласман на Србија во изминатите девет години.

Многумина ги интересира кога пејачката ќе објави нови песни, но за жал немаше добри вести за своите обожаватели.

Таа истакна дека сега не е во позиција да создава и дека и` недостига простор во кој може да размислува.

„Ми недостига досадата. Тоа е единствениот простор каде што можете да размислувате, за евентуално да продолжите да создавате. Сега не сум во таа позиција“, истакна таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @konstrakta

„Сега добивам награди, отворам и затворам изложби и давам мислења на различни теми“, додаде пејачката за „РТС“ во свој стил.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.