Обелодени вистинските имиња и титули на Меган Маркл, принцот Хари и малиот Арчи
Британците збунети од новите информации
Како што пишува британски „Мирор“, во изводот од матичната книга на родените на малиот Арчи Моунтбатен-Виндзор пишува дека неговата мајка е „принцеза на Обединетото Кралство“. Оваа вест гу збуни Британците, кои досега веруваа дека таа е само војвотка од Сасекс, но не и принцеза.
Целата титула на Меган е „нејзиното кралско височество принцезата на Хенри од Велс“. И нејзината золва Кејт Мидлтон во изводите на раѓање на своите деца напишала дека е принцеза.
Голем број Британци дури и не ги знаат најосновните податоци за својата принцеза, вклучувајќи го и нејзиното вистинско име. Имено, Меган е средното име на американската актерка, а првото име ѝ е Рејчел.
Бидејќи таткото Томас Маркл и мајката Дорија Раглан ја викале Меган уште од раѓањето, а и сите нејзини пријатели ја нарекуваат така, кога започнала да се занимава со глума, се претставувала како Меган.
Освен тоа, во изводот од матичната книга на родените, вистинското име на Хари е Хенри.
Иако тоа го криеја од јавноста, во изводот е напишано и каде е роден Арчи.
Момчето е родено во приватната болница Портланд во Вестминстер, Англија, каде што едно ноќевање чини околу 23.000 фунти. Ова не изненадува со оглед на тоа што е на менито се наоѓа јастог, а новопечените мајки можат да го прослават раѓањето на своето потомство со шампањско.
Фото: Printscreen Instagram, Getty Images