Нови детали за караницата помеѓу браќата поради Меган: Хари експлодирал од бес поради ова!

Книгата открива

Новата биографија што неодамна била објавена открива сочни детали од караницата

За лошиот однос помеѓу принцот Хари (36) и принцот Вилијам (38) веќе долго време се зборува, а во новата книга за британското кралско семејство „Битката на браќата“, авторот Роберт Лејси ги открива деталите.

Кога Меган Маркл минатата година ја добила честа да биде една од уредничките на британското издание на магазинот „Вог“, во кое била објавена листа на 100 највлијателни и најмоќни жени кои создаваат позитивни промени во светот, британските медиуми не биле критички настроени како вообичаено кога станува збор за постапките на поранешната актерка.

Меѓутоа, на постарите членови на кралското семејство и на принцот Вилијам не им се допаднало како Меган ја завршила таа задача, па браќата жестоко се скарале, открива авторот во книгата.

Војводата од Кембриџ наводно уште од почетокот бил против идејата Меган да го уредува „Вог“ и да одбира листа на највлијателни жени. Со него се согласиле и некои постари членови на британското кралско семејство.

Вилијам дошол да разговара со помалиот брат, а темпераментниот Хари буквално експлодирал. Тогаш ни војводата од Кембриџ не може да остане смирен, па разговорот брзо се претворил во караница. Од тој момент, раздорот помеѓу принцовите станал уште подлабок.

Нарушениот однос помеѓу синовите на принцезата Дијана бил забележан кога Хари и Меган кон крајот на август не отишле на заедничко летување со целото кралско семејство во Сардингам, а медиумите шушкаат дека постои голема веројатност Хари и Меган да ја одбијат поканата заедно да ги поминат божиќните празници со кралското семејство во замокот.

Кралицата сепак е уверена дека барем Хари ќе дојде на посета, бидејќи, наводно, им наредила на слугите да ја подготват неговата поранешна резиденција во Фрогмор Котиџ.

Принцовите Хари и Вилијам се движат во различни правци
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.