Новак загрижен за Јелена: Лошо ѝ е, иако ја помина короната

Таа е се' уште истоштена

Иако Новак и Јелена Ѓоковиќ прележаа ковид-19 и нивниот ПЦР-тест е негативен, сепак популарниот тенисер е загрижен за својата сопруга, пишува „Скандал“.

Како што дознава „Скандал“, Јелена е се’ уште истоштена и премалена, а имунитетот никако да ѝ зајакне, па Новак инсистира да преземе нешто.

Јелена е многу слаба, всушност, таква беше и пред короната затоа што јаде само овошје и зеленчук и е на специјална исхрана. Не јаде месо и многу внимава што внесува во организмот, но Ноле смета дека сега би требало да внимава уште повеќе затоа што е познато дека и по прележувањето, последиците од короната остануваат во организмот и до една година и имунитетот слабее. Затоа сега работат на зајакнување на нејзиниот имунитет за да ѝ се подобри здравствената состојба. Најмногу се исплаши кога виде дека се тетерави кога ја носи ќеркичката, дека воопшто нема сила, па ја замоли да не си игра со здравјето. Ѝ предложи првенствено да одмора, а тој ќе ја замени во се’ што е потребно за семејството, но Јелена тврди дека за две недели ќе биде како нова. Со други зборови, сигурна е дека станува збор за несериозни последици од короната и за малку полош имунитет и смета дека се’ ќе помине бидејќи живее здраво и нема од што да се плаши“, завршува изворот за „Скандал“.

 

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.