Новак Ѓоковиќ се огласи по веста дека е позитивен на коронавирусот: „Се надевам дека бројот на заболени нема да се зголеми“

Откако ја потврди веста дека тој и сопругата Јелена Ѓоковиќ се позитивни на коронавирусот, додека, пак, нивните две деца, Стефан и Тара се негативни, најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се обрати до јавноста со пораката:

Организиравме турнир во мигот кога вирусот ослабна, верувајќи дека се стекнати условите за неговото одржување. Исклучително ми е жал за секој случај на зараза. Ги следам изјавите на лекарите и се надевам дека бројот на заболени нема да се зголеми. Се надевам дека нема да се искомплицира нечија здравствена ситуација и дека сите ќе бидат добро. Јас ќе останам во самоизолација следните 14 дена, и ќе го повторам тестот по пет дена“, порача Ѓоковиќ.

 

Ова беше настан со хуманитарен карактер. Нашата желба беше да се собереме, да играме тенис, да им овозможиме на навивачите во Белград, Задар и низ целиот свет добра тениска забава. Ова сценарио е најлошото возможно. Од наша страна беше направено се’ да се заштитиме, сите мерки беа спроведени“, соопшти Ѓоковиќ во утринската програма на ТВ Прва.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.