Нивниот живот е совршен само пред камерите: Принц Хари пред пукање, ја моли Меган да тргне на психотерапија

Бракот им е на „стаклени“ нозе

Однесувањето на војвотката од Сасекс е повод за постојани караници во кралското семејство

Иако се во брак само една година, животот според кралските правила веќе почнал да го зема својот данок во врската на принцот Хари и војвотката Меган Маркл. Дошло до тоа што принцот почнал да ја моли сопругата да почне да оди на терапија кај психолог.

Распнат меѓу улогата на родител, караниците со братот Вилијам и снаата Кејт, очекувањата од кралицата и народот и скандалозното семејство на својата сопруга, Хари само што не експлодира, а ни Меган не е толку далеку“, открил анонимен извор.

https://www.instagram.com/p/BzN8VdOlsbk/?utm_source=ig_embed

Како што можевме да видиме, уште откако се венчаа во мај 2018, Меган не криеше дека кралските протоколи не ѝ се допаѓаат и јавно ги игнорира.

Меган смета дека правилата и забраните што ги почитува кралското семејство не се во согласност со денешното време и со милениумците. Меган и Хари ја почитуваат традицијата, но сакаат да имаат слобода да ги прават работите на свој начин“, открил изворот.

Однесувањето на Меган Маркл станало повод за постојани расправии во кралското семејство, што само придонело за и онака стресната ситуација. Јасно се гледа дека односите меѓу браќата се напнати, што особено се забележа на крштевката на принцот Арчи.

Иако сè поминало според протоколот, на семејниот портрет сите се смеат освен принцот Вилијам, додека сите ја забележале чудната насмевка на лицето на Кејт Мидлтон, која вкочането седи, оддалечувајќи се од Меган колку што може повеќе.

https://www.instagram.com/p/BzlHhZylvwT/?utm_source=ig_embed

Принц Хари одамна јавно ја поддржува стручната терапија и не се срамел да признае дека и самиот побарал помош од психолог во врска со паниката и гневот со кои не можел да излезе на крај, особено по смртта на мајка му.

Тој уште одамна има кажано дека психотерапијата го спасила во минатото и смета дека истата помош ѝ е потребна и на Меган, пред да биде предоцна“, заклучил добро упатениот извор.

ФОТО: Getty Images, Instagram

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.