Никол Шерцингер повторно „љуби“ спортист – После Хамилтон и Григор на ред дојде и Том

Ја потврди врската со рагби играчот Еванс

Фото: Getty Images

Прекрасната пејачка која се прослави со женскиот бенд Pussycat Dolls, Никол Шерцингер, најде нова љубов и е посреќна од било кога.Имено, кон крајот на минатата година почнаа да ја поврзуваат со седум години помладиот Том Еванс, а врската беше потврдена кога беа видени како разменуваат страсни бакнежи во Лондон.

41-годишната пејачка официјално ја потврди врската после доделувањето на Златните глобуси, каде што се појави со Том.

За потсетување,  Никол беше во врска со Луис Хамилтон која траеше седум години, а наводно раскинале, бидејќи возачот на Формула 1 не сакал да се ожени со неа. Потоа, беше во врска со тенисерот Григор Димитров, а повеќе годишната врска ја прекинаа пред неколку месеци. Останува да се види дали Том е вистинскиот за неа…

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.