Никој нема позгодна девојка од Џерард Батлер (51): Морган има 50 години, а двојно помлади девојки можат само да ѝ завидуваат

Си нашол некоја што му прилега

Џерард Батлер периодов се шета со својата девојка Морган Браун по плажите на Порторико

Џерард Батлер има најзгодна девојка помеѓу актерите. Морган е само една годин помлада од актерот и се занимава со дизајн на ентериер.

Минатиот август Морган и Џерард раскинале по шест години врска, но сега се смириле и посилни се од кога било претходно.

Додека Морган молчела за раскинувањето, актерот тогаш зборувал вака:

„Поминав низ раскинување за време на пандемијата. Ја изгубив саканата личност, но на друг начин. Меѓутоа, мене ми беше тешко, потешко одошто мислев.“

Низа несреќни настани го снашле славниот актер, меѓу кои и сообраќајна несреќа во 2017 година, кога му налетал автомобил додека се возел на мотор. Сите тие случки го натерале да го преиспита својот живот:

„Прво имав операција која тргна наопаку, па таа една операција се претвори во уште седум наредни. Потоа, имав несреќа на мотор која за малку ќе ме убиеше и одеднаш си помислив: ‘Тука мора да има нешто!’“

По сите тие несреќи, Батлер одлучил да се смири со својата долгогодишна девојка Морган, со која сега е на летување. Актерот моментално снима со полна пареа. Ангажиран е дури на 11 проекти.

Џерард Батлер: Еден телефонски повик може да смени сè (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.