Актерката вели дека и по речиси две децении нема одговори за човекот кој учествуваше во несреќата во која загина Тоше Проески.
Весна Петрушевска во едно интервју повторно го отвори прашањето за сообраќајната несреќа во која трагично загина Тоше Проески, посочувајќи дека јавноста никогаш не добила јасни одговори за возачот на камионот што учествуваше во несреќата.
Има едно многу важно прашање со сообраќајната несреќа со Тоше Проески – како се вика возачот на камионот? Никој не знае“, рече Петрушевска.
Таа додаде дека никогаш не слушнала кој бил возачот, каде заминал и што точно се случило по несреќата.
Според неа, за ова прашање никогаш не биле дадени доволно информации, ниту, како што вели, имало одговори што би ги расчистиле сите дилеми. Таа истакна дека токму тоа ја мачи со години, исто како што, според неа, ја мачи и македонската, но и балканската јавност.
Каде е возачот, како се вика, зошто го нема во ниту еден извештај? Ништо нема“, изјави Петрушевска, нагласувајќи дека и по толку години остануваат многу неодговорени прашања поврзани со трагедијата.
printskrin youtube – Prvatv