Ник Гордон, кој беше осуден за убиството на ќерката на Витни Хјустон, е пронајден мртов

Ова се деталите за прераната смрт

Ник Гордон кој што е осуден за смртта на својата девојка, ќерката единица на пејачката Витни Хјустон, Боби Кристина Браун е пронајден мртов, пренесуваат американските медиуми.

Имено, адвокатот на Ник не сакал да ги открива околносите за смртта на својот клиент, само за јавноста го прокоментирал следново:

И покрај сите искушенија со кои Ник се бореше во последните години, можам да кажам дека многу се трудеше да остане трезен и со крената глава и дека покрај се сакаше да живее во среќа и здравје со своето семејство.

Весникот „Дејли Меил“ пишува дека Гордон починал после низата срцеви удари кои ги добил за Нова Година, а кои се последица од предозирање.

За потсетување, Боби Кристина Браун почина во јули 2015 година на 22 – годишна возраст.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.