Нежности на јахта (ФОТО)

Ѕвездата на „Како ја запознав мајка ви“ ги полни батериите со својот сопруг

Нил Патрик Харис, ѕвезда на популарната ТВ-серија „Како ја запознав мајка ви“, деновиве ги полни рубриките во американските таблоиди, а причината е неговиот љубовен однос со сопругот Дејвид Буртка.

Имено, иако многумина веќе шпекулираа дека Нил е во емотивна врска со Дејвид, сега испливаа и фотографии снимени на една луксузна јахта.

Имено, актерот Нил Патрик Харис и неговиот дечко Дејвид Буртка се видени како го поминуваат времето заедно на јахтата, гушкајќи се, галејќи се и бакнувајќи се.

Двајцата љубовници уживаа во одморот, полнејќи ги батериите за новите проекти што ги очекуваат во почеток на есента.

 

Фото: Инстаграм, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.