Колекцијата автомобили на оваа светска фудбалска ѕвезда е толку голема што поседува и неколку гаражи, и тоа пет во Мадрид, две во Лисабон и една огромна во неговата вила во Торино, пренесува gavemesport.com.

Оваа неверојатна флота на суперавтомобили сведочи дека Роналдо навистина живее многу луксузно. На списокот на ексклузивни автомобили на Португалецот се најдоа:

Lamborghini Aventador  (308.000 €)

Роналдо го купи овој автомобил во 2016 година додека играше за Реал Мадрид. Поседува модел од 2011 година кој вреди околу 308.000 евра и моторот има 515 КС.

Bugatti Chiron (2,2 милиони евра)

„Бугати“ произведе само 500 модели Chiron, а еден од нив е во сопственост на Роналдо. Моторот на овој „ѕвер“ има 1.500 КС и може да развие максимална брзина до 420 км на час! Роналдо го купи овој автомобил во 2017 година, а неговиот модел има и персонализирани потпирачи за глава кои ги карактеризираат CR7.

Bugatti Veyron  (2 милиони евра)

Затоа што еден „бугати“ не е доволен! Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед го купи својот „вејрон“ вреден 2 милиони евра во 2016 година. Овој модел има 1000 КС, може да достигне максимална брзина од 400 км на час, и 100 км на час за само 2,6 секунди. Роналдо се одлучи за овој автомобил, откако ѝ помогна на Португалија да го освои Европското првенство.

Mercedes AMG GLE 63 (150,000 €)

Роналдо се стекна со овој „мерцедес“ во 2016 година, како подарок за Божиќ. Тој го купи АМГ ГЛЕ 63 откако четврти пат ја освои „златната топка“. Овој SUV има 612 КС и максимална брзина од 250 км на час.

Porsche Carrera 911 Turbo S  (166,000 €)

Роналдо го возеше своето ново „порше“ само два дена откако ја загуби „златната топка“, која му беше доделена на Лео Меси. Овој модел е највреден во својата категорија и има мотор од 580 КС. Неговата најголема брзина е 330 км на час.

Range Rover Sport (119,000 евра)

Кристијано Роналдо често доаѓа во Јувентус на тренинзи во својот „ренџ ровер“.

McLaren Senna (1.185.000 €)

Направени се само 500 модели на овој автомобил, посветени на легендарниот возач на бразилската Формула 1, Аритон Сена. Автомобилот има 800 КС, максимална брзина од 335 км на час и забрзува до 100 км на час за 2,8 секунди.

Chevrolet Camaro  (42.000 €)

„Камаро“ има 6,2-литарски V8 мотор кој испорачува 453 КС. Тоа беше уште еден „шопинг“ што Роналдо го направи по триумфот на неговиот состав на Европското првенство.

Ferrari F12 TDF  (415.000 евра)

Роналдо честопати изгледа како „ферари“ на фудбалскиот терен, па му одговара што навистина поседува еден. F12 TDF е произведен во само 799 примероци, еден од омилените автомобили и има импресивна моќ и перформанси. Автомобилот има 780 КС, а развива брзина и до 340 км на час. Постигнува 100 км на час за 2,9 секунди. Роналдо го купи овој автомобил во 2017 година.

Rolls Royce Cullinan  (391.000 €)

Cullinan е единственото копнено возило произведено од „Ролс ројс“ и вреди околу 391.000 евра. Роналдо има персонализирана црно-бела верзија на овој автомобил, што ја додаде на својата колекција претходниот март, како почит на неговиот сегашен клуб Јувентус. Во автомобилот има 571 КС и мотор V12.