Некогаш важела за најубава русокоса, а денес плаши луѓе со изгледот: Од страв да не ја остави богаташот, се навлекла на ПЛАСТИКА!

Си го уништила лицето

Џоселин Вилденштајн си го уништила лицето со естетските зафати, а многумина се прашуваат како изгледала актерката пред пластичните операции

Актерката Џоселин Вилденштајн (82) стана синоним за пластични операции, а како што минуваат годините, нејзиното лице изгледа сè повеќе деформирано, но не планира да сопре.

Во 1990-тите години, таа глумела дублерка во познатиот филм „Жена-мачка“, додека нејзиниот изглед оттогаш поминал низ разни фази, а набрзо станала зависна од естетските корекции.

Наводно, по овој филм актерката сакала да личи што повеќе на мачка, а и нејзиниот сопруг бил голем љубител на ова животно. Се зборувало и дека се плашела да не ја остави нејзиниот сопруг, милијардерот Алек Н. Вилденштајн. Меѓутоа, богаташката во една прилика ги негирала озборувањата и рекла дека го направила тоа за себе.

И покрај големите напори да го сочува бракот, сопругот ѝ бил неверен, а се развеле откако го начекала во кревет со 19-годишна манекенка. Разводниот процес бил долг, а познато е и дека тогаш сопругот ѝ се заканувал со пиштол.

Меѓутоа, откако сопругот ја оставил, актерката набрзо нашла среќа покрај 30 години помладиот Лојд Клајн, со кого неодамна била видена во јавност. Интересно е што пред многу години, Џоселин завршила на суд откако го исекла својот партнер Лојд Клајн со ножици по лицето и го полила со врел восок.

Многумина сметаат дека актерката претерала со естетските зафати, а за тоа сведочат и старите фотографии што испливале. Џоселин имала природна убавина, а слободно може да се каже и дека била една од најубавите русокоси.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Estetik faktlar 🥰 (@estetiklisiz)

На нејзиното лице видливи се лузните од многуте зафати, кои вклучуваат и драстична реконструкција на очите, затегнување на лицето и многу други зафати што ги повторила повеќепати.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Asia Middleton (@heirasia)

„Кога ќе се погледнам во огледало, мислам дека сум прекрасна. Имам точно такво лице какво што посакував“, рекла таа во една пригода.

Погледнете ги сите нејзини трансформации во следново видео…

Кралица на силиконите: Лицето ѝ се распаѓа од операциите, а од природната убавина нема останато ни трага
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.