Некогаш чистел тоалети, а денес е еден од најпожелните актери: Важи за опасен женкар, а девојка му ја изневерил со колешка!

Животна приказна

Турскиот актер Керем Бурсин е еден од најпожелните актери – многу е образован и сестран

Младиот актер Керем Бурсин стана еден од најпопуларните актери во последно време.

Актерот особено му се допаѓа на женскиот дел од публиката, поради својот физички изглед и заводлив став. Главната улога во серијата „Немирно лето“, во која партнерка му е познатата Ханде Ерчел, му донесе голема слава и популарност.

Керем и Ханде се вљубиле на снимањето на серијата, па набрзо започнале љубовна врска. Фактот што и во приватниот живот се заедно ги воодушеви фановите на серијата, па двојката често снимаше видеа во живо од снимањата.

Меѓутоа, интересно е тоа што Керем бил во врска со актерката Демет Оздемир, која ја оставил поради нејзината колешка Ханде.

Керем е роден на 4 јуни 1987 година во Истанбул, а поради природата на работата на татко му, често се селел, па живеел во земји како Индонезија, Шкотска, Малезија, Соединетите Арапски Емирати, Америка и многу други.

Со оглед на тоа што живеел во различни средини во разни делови од светот, станал многу сестран. Запознал разни култури и имал многу познавања од таа област. Еден период живеел и во Тексас, каде што неговите родители сè уште живеат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kerem Bürsin (@thebursin)

Покажал дека е талентиран и за музика. Имено, како младич основал рок бенд со своите пријатели и почнал да се занимава со музика.

По завршувањето средно училиште се преселил во Бостон, каде што се запишал на факултет. Студирал маркетинг и комуникации, па подоцна се определил за глума. Студии по глума завршил на колеџ во Лос Анџелес.

Откако дипломирал, останал во Лос Анџелес каде што добил многу понуди за улоги. Две години студирал глума кај Каролин Пикман и Ерик Морис, кои важат за едни од најстрогите професори по глума, чии ученици биле и познатите актери Арнолд Шварценегер и Џек Николсон.

Додека студирал, Керем работел сè и сешто. Работел во вежбалница каде што бил задолжен за хигиената, потоа работел како возач, келнер, а не е тајна и дека еден период работел како чистач на тоалети.

Откако одлучил да се врати во родниот град Истанбул, добил понуди за актерски ангажмани. Така почнала неговата актерска кариера во Турција, каде што набрзо станал еден од омилените актери.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kerem Bürsin (@thebursin)

Добивал главни улоги во серии, а почнал да снима и реклами. Станал заштитно лице на компанијата за спортска опрема Under Armour, со колешката Ханде се појавил во реклама за чајот Липтон, а снимил реклама и за BMW автомобилите.

Инаку, Керем и Ханде не се повеќе во врска, а не е познати дали актерот има некоја покрај себе моментално.

Неодамна, на својот инстаграм-профил споделил фотографија со актерската легенда Антонио Бандерас.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kerem Bürsin (@thebursin)

Ја гледавме во серијата „Елиф“: Познатата турска актерка претрпела страшно злоупотребување од татко ѝ, а сега стравува поради ова!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.