Неговата сопруга е поубава од сите негови љубовници: Најарогантниот човек на светот го сруши Интернетот со едно видео!

Златан Ибрахимовиќ

Златан Ибрахимовиќ наполни 41 година пред неколку дена и изгледа одамна сфатил дека нема нешто што не може да го направи

Златан Ибрахимовиќ само што си отвори ТикТок-профил и за само 17 часа неговото видео беше прегледано повеќе од 6 милиони пати. Видеото трае 45 секунди и почнува со порака од Златан: „ТикТок, Златан е овде!“

„Ароганција во тело на Аполон“, гласат коментарите за овој шведски фудбалер кој доминира со светската сцена на неколку полиња.

@zlatanibrahimovic @tiktok guess what?! I’m here!!!! #zlatanibrahimovic ♬ original sound – Zlatan Ibrahimovic


Сега кога има 41 година, се чини дека не постои нешто што Златан не може да го направи.

Иако ги има надминато најдобрите години за еден фудбалер, Златан тврди дека ќе игра додека тој одлучи дека е крај, а неговиот карактер одамна ги надрасна фудбалските игралишта.

Овој љубител на брзи спортски автомобили и тетоважи е и одличен шоумен. Па така, тој ги има забавувано водителите во телевизиските емисии во САД, глумеше во филмот „Астерикс и Обеликс: Средното кралство“, стана заштитно лице на модниот бренд Dsquared2, а незаборавно е и неговото појавување во Сан Ремо, каде што се појавил на сцената во улога на водител.

Покрај одличната кариера, добрата физичка подготвеност и совршеното тело, Златан е успешен дури и во љубовниот живот.

Велат дека неговата сопруга е позгодна од сите негови љубовници, но изгледа дека само Златан може да се ожени со 11 години постара, многу успешна и богата жена, а истовремено да има и безброј љубовници.

„Сè што ќе ви се случи во животот, требало да се случи. Тоа е вашата судбина. Мене ми беше судено да имам ваков живот и не можам да се жалам за тоа“, рекол Златан во една пригода.

Златан и Хелена имаат два сина: 16-годишниот Максимилијан и 14-годишниот Винсент.

Се зборува дека водителката Дилета Леота полудела по него откако заедно снимиле реклама. Потоа, Златан дошол на нејзиниот роденден и тоа во придружба на семејството и пријателите.

„Читав дека луѓето мислат дека сум арогантен. Велат дека сум самоуверен, лош лик. Таков сум отсекогаш. Но кога ќе ме сретнат во живо, велат дека имале погрешен впечаток.“

Се зборуваше дека ја изневерува и дека има љубовница на секое ќоше, но Златан Ибрахимовиќ ја сака само 11 години постарата сопруга
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.