Коментарите за изгледот не допираат до неа, Ријана ужива на концерт со Асап Роки (ФОТО)

Не се оптоварува со килограмите

Ријана е остварена на сите полиња, па сега ужива во мајчинството и не се оптоварува со совршената линија.

Пејачката (34) моментрално ужива во своето родно место Барбадос, заедно со својот партнер, раперот Асап Роки (34). Таа не се грижи премногу со фактот дека во текот и по бременоста накачи повеќе килограми, па носи минимален црвен фустан. На фотографијата се гледа дека Ријана со гордост ги носи своите заносни облини и тоа воопшто не се обидува да го сокрие.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Just Jared (@justjared)

Целиот изглед го надополни со плетенки и украси, со што сосема го приспособи стајлингот за реге-концертот на кој присуствуваа.

Дека убавината доаѓа во сите величини и облици и дека се залага за тоа, убавата Ријана покажа и со новата колекција за својот моден бренд. Таа во последните години се’ повеќе и’ е посветена на модата и козметичкиот бренд, кој покажува голем успех, па многу фанови ја обвинуваат дека ја запоставила својата музичка кариера.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by badgalriri (@badgalriri)

Колку добро и` оди во претприемачките води, сведочат и многуте познати лица, кои се видени на нејзиниот последен моден перформанс на брендот Fenty, насловен како Savage X Fenty Show Vol.4.

Овој перформанс беше изведен надвор, каде што дрвата, среде шумата и задушената светлина ја кренаа атмосферата на кампањата, и тоа не беше стандардно дефиле на моделите, туку шоуто беше спој на мода, музика и танц. Како изенадување на вечерта, најинтересно за сите гледачи и посетители беше појавувањето на Џони Деп.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.