НЕ ПРОПУШТАЈТЕ! Пријавите за Influencer Awards 2022 се во тек!

Подготовка, внимание, лајк!

Ако имате повеќе од 2.000 следбеници на Инстаграм и сметате дека ја заслужувате титулата „UBAVINA&ZDRAVJE Influencer Star“, пријавете се на конкурсот за U&Z Influencer  Awards 2022, кој ќе трае до 30 ноември.

Веќе традиционално, поточно четврти пат се одржува најкоментираниот, а воедно инајочекуваниот натпревар Influencer Awards 2022, во организација на компанијата „Колор медиа плус“, која е издавач на највлијателното списание за жени во регионот „Убавина и здравје“.

Инстаграм-ѕвездите блеснаа на U&Z Influencer Awards: Еве кој победи! (Фото-галерија)

И оваа година како и лани, во рамките на конкурсот истовремено ќе се одвиваат два избора. Едниот ќе биде наменет за оние што сакаат да го зацврстат своето влијание на социјалните мрежи, да го зголемат бројот на следбеници и да добијат можност за соработка со наши познати брендови.

Правилата се едноставни: треба да имате над 18 години и најмалку 2.000 следбеници. Можете да се пријавите на нашата имејл-адреса redakcija@ubavinaizdravje.mk, така што ќе ги оставите вашето име и презиме, телефонски број и линк до вашиот инстаграм-профил. Означете ја и категоријата во која се пријавувате: Beauty, Travel, Fashion, Insta Man, Insta Parents, Food, Entertainment, Fitness, Lifestyle и Makeup. Пријавувањето трае до 30 ноември, а прогласувањето на победниците и доделувањето на статуетките ќе се одржи на гала-забава во декември.

Вториот избор е предвиден за инфлуенсерите што веќе се етаблирани на социјалните мрежи, имаат значителен број на следбеници и остварени соработки. Нив треба да ги предложите вие на нашата имејл-адреса или во коментар под оваа објава, а победниците ќе бидат одбрани од страна нашите лојални клиенти и соработници на самите инфлуенсери, маркетинг-агенции и регионална жири-комисија.

Предложете ги вашите омилени инфлуенсери и зголемете им ги шансите да бидат прогласени за Influencer Star на гламурозната забава во декември.

Кој вели дека не можеме да имаме интересен живот и на социјалните мрежи? Пронајдете ја својата страст, но и нови пријатели! Бидете креативни и споделете ја со нас вашата инстаграм-приказна. Аплицирајте што е можно поскоро за учество во натпреварот U&Z Influencer Awards 2022. Може да конкурирате и за две категории.

Инфлуенсерите го вртат светот: Запознајте ги нашите инстаграм-ѕвезди!

 

 

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.