„Не одам во Катар за да не ја деконцетрирам репезентацијата“: Еден фудбалер ѝ се додворува на Јована Јеремиќ

Одлучи да навива од Белград

Водителката, како и секогаш, без влакна на јазикот.

Јована Јеремиќ откри дека српската репезентација ќе ја бодри од Белград, само поради една причина:

Кога би заминала во Катар, би направила хаос, би ја деконцентрирала целата наша репрезентација! Затоа одлучив да останам во Белград и да ги поддржам од овде“, изјави за српскиот „Информер“, па објасни дека со задоволство би се пробала како спортски коментатор:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JOVANA JEREMIC (@jeremicjovana)

„Почнав да се интересирам за фудбалот откако снимив реклама со аргентинскиот фудбалер Габријел Батистут. Мислам дека сега е вистински момент да почнам да известувам за фудбалот. Ако тоа можеа да го работат новинарките кои немаат врска со тој спорт и тоа само добро да се омажат, зошто не и јас? Ги имам сите предиспозиции за во известувањето бидам апсолутно најдобра!“, вели водителката.

Водителката откри дека и` се додворува еден српски фудбалер, но не сакаше да го открие неговиот идентитет:

„Ми се додворува еден фудбалер, но не би раскажувала многу за тоа.. Моментално сум сама, излегов од брак и поради тоа во иднина три пати ќе мерам пред да се одлучам со некој да започнам врска. Ако влезам во врска со фудбалерот, тоа мора да биде сериозно. Проблем е што сакам постари, а ми се пуштаат помлади“, раскажува таа.

Од бракот со политичарот Војислав Милошевиќ ја има ќерката Леа, но вели дека би сакала да има уште деца:

„Сакам уште деца, но не сега, туку за неколку години. Посветена сум на кариерата и пред другото дете би сакала да обезбедам уште еден стан, а за тоа ми треба многу“, заклучи Јована.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.