Не ја разликуваат фантазијата од реалноста: Бред Пит и Џенифер Анистон добиле близнаци од позната сурогат-мајка?!

Веста дека бившите сопружници Бред Пит (57) и Џенифер Анистон (51) добиле близнаци од сурогат-мајка ги израдува сите оние што гласно навиваа нивните миленици повторно да ја обноват љубовната врска.

Имено, магазинот New Idea објави дека Пит и Анистон „веројатно“ тајно добиле близнаци со помош на сурогат-мајката, која во 2009 година им роди близнаци на Сара Џесика Паркер и Метју Бродерик. Истата сурогат-мајка неодамна повторно родила близнаци и извор близок на Пит и Анистон тврди дека тие всушност се нивни.

Ова ќе биде најдобро време од нивните животи и нешто за што сонуваа со децении“, открива изворот, а списанието се потпре на објавата што ја сподели сурогат-мајката преку социјалните мрежи, во која откри детали за раѓањето на близнаците, вклучувајќи ги и стресните компликации што ги имала во бременоста.

Извори блиски до двојката исто така изјавија дека информацијата не е точна, а магазинот People, според Gossip Cop, точно напишал дека Бред и Џени се „пријатели и се среќни еден за друг кога ќе постигнат некаков успех, но тоа е се’“. Тие мислат дека магазинот New Idea има толку длабока фантазија кога станува збор за децата на Бред и Џени што веќе не можат да ја „разликуваат фантазијата од реалноста“.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.