Не бил само Хари тој што не се простил од кралицата: Конечно е откриено кој бил до нејзе во последните мигови од животот

Свет

Државната евиденција на Шкотска го објави изводот на матичната книга на мртвите исклучиво за кралицата Елизабета Втора, 21-от ден по нејзината смрт.

Кралицата Елизабета Втора (96) починала од старост, пренесува „Би-би-си“.

Во официјалниот документ се наведува дека Елизабета Втора починала на осми септември во 15 часот и 10 минути по западноевропско време во дворецот на Балморал во Шкотска. Веста за смртта на кралицата е објавена во 18:30 по наше време (нас од Шкотска не’ дели еден час, што значи дека јавноста тажната вест ја чекала повеќе часа).

Листот кој беше објавен потврди дека со кралицата во последните минути од животот бил нејзиниот син, сегашниот крал на Британија Чарлс Трети, бидејќи податоците го кажуваат следново: во 15:52 авионот во кој биле принцовите Вилијам, Едвард и принцезата Ана слетал на аеродромот во Абердин, а тој и неговите внуци и тетката стигнале во Балморал во 17 часот и 11 минути.

Дури во 17:35 минути авионот со кој патувал Хари за Шкотска полетал од аеродромот Лутон.

Во 18:31 часот Палатата ја потврди веста за смртта на кралицата додека Хари се’ уште бил во авион. Пристигнал на имотот во 19:52 минути.

На почетокот се зборуваше дека само Хари не успеал да се прости од кралицата, а потоа се дозна дека таквата можност ја имал само Чарлс, што и денес се докажа со овој документ.

Британската кралица владееше најдолго од сите владетели во историјата на земјата, цели 70 години. Погребот се случи на 19 септември во Виндзор.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.