Наташа Беквалац „условена“ од соработниците: Не смее да се заљуби до 14 февруари идната година, а еве зошто

За да си немаат проблеми луѓето

Наташа Беквалац на големо се подготвува за големиот солистички концерт со кој ќе одбележи 20 години од својата успешна музичка кариера на 14 февруари 2020 година во белградската Арена.

За новинарите популарната пејачка откри интересен факт – имено, нејзините соработници ја принудиле да потпише договор дека нема да се вљуби до Денот на вљубените за да може целосно да им се посвети на подготовките.

Јас не сум несреќна во љубовта, јас само правам погрешни избори (се смее). Генерално, јас сум среќна жена, во секоја смисла на зборот. Меѓутоа, маж немам ни на видик, тоа ми е и професионално забрането. Сите се впуштија во многу голем процес заради концертот, но под еден услов – речиси ми тутнаа договор според кој не смеам да се вљубам до 14 февруари, бидејќи само под тој услов работам“, откри убавата пејачка.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.